Адел најбрзо до милијарда прегледи на YouTube

Британската поп ѕвезда Адел собори уште еден рекорд, имено видеоспотот за нумерата „Hello“ најбрзо стаса до милијарда прегледи на YouTube.

Image

На споменатата интернет платформа за размена на видео материјали, синглот „Hello“ беше поставен само пред 88 дена.

Досегашниот рекорд беше сопственост на јужнокорејскиот рапер Пси и неговиот мега хит „Gangnam Style“ кој до милијарда прегледи стаса за 160 денови.

Песната „Hello“ е ставена на новиот албум на Адел со едноставен наслов „25“, кој беше објавен кон крајот на 2015 година, по четиригодишна дискографска пауза.

Албумот веќе ги надмина сите рекорди во брзина на продажбата во Велика Британија и во САД и е најпродаваниот во текот на целата 2015-та, иако во продажба беше пуштен дури во ноември.