Анализа: Квалитетот на лекот „Ефералган“ не е спорен

Квалитетот на лекот „Ефералган“ не е спорен, покажаа резултатите од анализата на Фармацевтскиот факултет и Институтот за Јавно здравје за контрола на квалитетот.

Image

Од Агенцијата за лекови и медицински средства(МАЛМЕД), лекот е повлечен на барање на прозиводителот како мерка на претпазливост по откривањето на мали пластични честички (неинфективни) при рутинска проверка на опремата за пакување на производот (надворешно).

МАЛМЕД одобри повлекување на лекот EFFERALGAN орален раствор 30mg/ml со сериски броеви:  Р1447, Р4737, Р6077, Р9468, R1767 и R3180 до ниво на аптека, а не до ниво на пациент.

Лекот доброволно се повлекува од пазарот во сите земји.