Сончево и ветровито, со температура до 35 степени

15610948898_5ab693a0b5_z

Скопје, 4 јули, 2016 – 9:27 (META) 

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во Пелагонија засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе достигнува брзина од 70 километри на час.

Утринската температура се движи од 14 до 21 Целзиусов степен, а максималната дневна ќе достигне до 35 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје се очекува слично време, сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура во главниот град ќе се искачи до 33 Целзиусови степени.