АО: Резултат на кариерата за Џоана Конта

Британката Џоана Конта и Германката Анжелик Кербер ја формираа втората полуфинална двојка на Австралија Опен. Победничката од овој дуел во финалето ќе игра против подобрата од мечот помеѓу Серена Вилијамс и Агњешка Радванска.

Image

Конта, во дуелот на тенисерки кои никогаш не играле во четвртфинале на некој Грен слем, славеше над Кинеската Шуаи Женг со 6:4, 6:1.

Кербер, ја изненади Викторија Азаренка и славеше со 6:3, 7:5. Германката се избори за своето трето Грен слем полуфинале, прво на Австралија Опен.

„Добро сервирав и добро се движев. Прв пат забележав победа против неа и чувството е извонредно. Бев многу агресивна, дури и кога водев со 5:2 во вториот сет. Тоа беше клучот за оваа победа, јас ја водев играта“, изјави Кербер по победата над Азаренка.крај/мф/нц