Астероид поголем од оној над Чељабинск во март ќе помине блиску покрај Земјата

Голем астероид, двапати поголем од оној што во 2013 година се распадна над Сибир, ќе помине покрај Земјата на 5-ти март.

Image

Астрономите небеското тело именувано „2013 ТХ68“ го следат неколку години, па никој со стопроцентна сигурност не може да каже на колкава оддалеченост астероидот ќе помине покрај Земјата.

Можно е големиот астероид да помине покрај Земјата на само 17.000 километри, што е поблиску од геостационарните сателити, но можни е тоа да биде и на многу голема оддалеченост од 14 милиони километри.

Ако оддалеченоста изнесува 15.000 километри, што би било најблизок идентификуван прелет на астероид покрај Земјата воопшто во историјата.

Стручњаците тврдат дека нема место за паника, бидејќи е исклучена можноста од судир.

Истото тело пред две години прелета покрај Земјата на растојание од два милиона километри.

Кога повторно ќе се врати на 28 јули 2017 година ќе постои екстремно мала веројатност за судир од 1:250 милиони, која во подоцнежните ‘посети’ на астероидот во 2046 и 2097 година ќе биде уште помала.

Дијаметарот на астероидот „2013 ТХ68“ изнесува 30 метри. Кога евентуално би влегол во атмосферата, би експлодирал со енергија двапати поголема од онаа со која се распадна астероидот на Чељабинск, кој ги искрши стаклата и оштети 7.200 објекти, повредувајќи на различни начини 1.500 руски граѓани.