Ахмети-Бејли: Повеќето од договорот од Пржино е спроведено, партиите да не си поставуваат пречки

Главните и најчувствителните делови на договорот од Пржино веќе се спроведени и партиите не смеат да поставуваат пречки и да бараат разни изговори за да го попречуваат целосното спроведување на обврските, туку да придонесат за надминување на пречките веднаш.

Image

Ова заеднички го констатирале во недела претседателот на ДУИ Али Ахмети и амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, на средба во Американската резиденција во Скопје.

Ахмети ја потврди итноста за враќање кон нашата заедничка политичка и општествена агенда за решавање на прашањето за името, како единствена пречка за членството на Македонија во НАТО.

Ахмети, исто така, ја изрази својата загриженост за проширување на странски идеологии во земјава и во регионот и изрази уверување дека граѓаните ги одбиваат овие обиди да се инсталираат странски убедувања во нашата култура и традиција.

Лидерот на ДУИ се заблагодари на американските компании кои одлучиле да инвестираат во зоните во Тетово, Струга, Кичево и изрази подготвеност да им помогне на нив и на другите потенцијални американски инвеститори во овие зони.