Обама за Panama Papers: Затајувањето на данокот е глобален проблем

Информациите за масовното користење на ткн даночни оази се потсетник дека „избегнувањето на плаќањето даноци е голем глобален проблем“, изјави во вторникот американскиот претседател Барак Обама во неговиот прв коментар за таканаречената афера Panama Papers.

Image
Американскиот претседател Барак Обама истакна дека борбата против затајувањето на даноците е високо на дневниот ред на меѓународните состаноци.

„Секогаш ќе има некои недозволени текови на парите околу светот, но не смееме да ги олеснуваме. Не смееме да ги легализираме трансакциите кои служат само за избегнување на плаќањето на даноците“, изјави Обама за новинарите во Белата куќа.

„Еден од големите проблеми е тој што тие операции се законски а не се незаконски“, рече Обама, пренесува AFP.

Претседателот го повика Конгресот да преземе мерки со коишто на американските компании би им се оневозможило да ги користат дупките во даночните закони поради избегнувањето на плаќањето даноци.

„Цената на тие дупки во законите ги плаќа американската средна класа“, истакна Обама.

Обама веќе неколкупати го повика Конгресот, во кој мнозинството го имаат републиканците, да стори нешто против корпорациите кои го намалуваат данокот така што ги пренесуваат своите седишта надвор од САД, но тие засега не реагираат на тоа бидејќи американскиот претседател доаѓа од Демократската партија.

Веќе неколку американски гиганти, како на пример компанијата „Pfizer“, купија локални компании во земји со ниски даноци, како Ирска и Холандија, и таму го преселија своето работење, а активноста и управата ги зачуваа во САД. Меѓутоа, тоа се случува и поради преговорите меѓу Вашингтон и ЕУ за Трансатлантскиот трговски договор и инвестициско партнерство (Transatlantic Trade and Investment Partnership – TTIP) за кој се залага токму Обама и кој поради тоа кон крајот на април треба да допатува во петта официјална посета на Германија.

Тие закони за кои говореше Обама се познати, но и спорни, и цел им е да се избегне плаќањето на сојузните даноци на компаниите кој во САД изнесува 35 отсто, и е меѓу највисоките во индустриски развиените земји, потсетува AFP.

Обама во петокот, исто така, ја бранеше ефикасноста на американските санкции велејќи „Знаеме дека режимот на санкциите е строг, бидејќи Иран, на пример, не би постигнал договор за запирањето на својата нуклеарна програма да не беа острите санкции“.