За време на изминатите пет години, бројот на вооружените судири низ светот се зголеми, а во 2016-та година не треба да се очекува подобрување на состојбата, пишува американскиот весник Foreign Policy.

Аналитичарите на американскиот весник направиле листа на десет најважни точки на кои светската заедница мора да им посвети внимание за време оваа година. Според мислењето на авторите, до најлоши хуманитарни последици може да дојде продолжувањето на судирите во Сирија, Ирак, Јужен Судан, Авганистан, Јемен и Чад. На листата се и внатрешните судири во Турција (судирот меѓу Анкара и Курдите) и во Либија (каде и натаму трае граѓанската војна).
Покрај ова, според Foreign Policy, состојбата во Бурунди, каде расте незадоволството на населението поради одлуката на тамошниот актуелен претседател да се кандидара по трет пат, како и состојбата поради Јужното кинеско море, каде САД се обидуваат да се спротивстават на порастот на влијанието на Кина, би можеле да ги усложнат работите годинава, со што би настанале и нови жаришта.
Американскиот весник наведува дека поголем број на овие судири не е возможно да се решат, „бидејќи во нив се вмешани екстремистички организации чии цели и идеологии не дозволуваат војната да се решава со преговори, а тоа ги поништува напорите за воспоставување на мир“.
„Време е во 2016-та година да се напушти мислењето дека борбата против насилниот екстремизам е единствениот начин да се зачува светскиот мир, или пак дури и начин да се решава криза во една земја, како на пример Сирија“, се вели во текстот на Foreign Policy.
Според аналитичарите на весникот, поголем број од постоечките судири бараат соработка на неколку нивоаа – помеѓу сите учесници во светските политички процеси. „Државите мора двоструко да ги зголемат своите напори за пронаѓање на систем на политички договори, да ја искористат и најмалата можност за постигнување на компромис“, пишува Foreign Policy