Од 1. февруари електронските билетите од 150 денари наместо со пет гратис возења, ќе се купуваат со само две возења.
Од ЈСП – Скопје информираат дека три пати во денот се доставуваат електронски картички до билетарниците со цел да се задоволат потребите. Тие велат дека граѓаните кога ќе ја купат картичката и кога ќе ја потрошат, не треба да ја фрлаат зашто таа се надополнува.
Само кога првиот пат се купува картичката корисниците на услугите плаќаат 150 денари. Кога целосно ќе се искористи постои можност да се надополни со дополнителен број на возења и тоа само во билетарниците. Може да се плаќа и со мобилен телефон, изјавија од ова јавно претпријатие.
Од ЈСП информираа дека досега вкупно издале над 330.000 картички од кои 155.000 се персонализирани и над 180.000 неперсонализирани картички.