Јавен Превоз

aleksandarСкопски студент, зима, 7 сабајле, само една фамилијарна кола… има лек и за тоа, се вика ЈСП или било која друга такси компанија…

И како што можеш да видиш се и сешто во ЈСП, така можеш да го помирисаш истото, па така и со таксито можеш да најдеш све и свашта од џанаци напраени клен до пропаднати тркачи…

Се возам у такси една вечер стандардна релација Симпо-Црниче до градинка 8ми март, не запазив кој број беше колата ама го запамтив возачот… мало ниско чиченце со многу бела коса… и добро влегувам во такси… возачот трга… ПРВА, ВТОРА… ВТОРА… ВТОРА…. ВТОРА… и така уште долго во ВТОРА, кутрата кола урла вришти… моли за поголема брзина, уште што не и никна раче сама да си смени брзина, се прашав у себе… доообро бе човеку не ти смета да возиш 35, а да брчиш ко за 350 или имаш граничник на втора… ама ме извозе професионалецот скоро пола пат и поише во ВТОРА…

Нема везе ај се заврши работа, после  два дена брзав некаде… се качувам на Симпо-Црниче пак во такси до заборавена дестинација, ама запамтив дека се молев за живот… ај што ми се падна ГОСПОДИН ВТОРА пак ама да му даеш улица со повеќе од 2 ленти ќе се изгуби, вози господинот по улицата надолу и стигаме на семафорите кои одат од подвозникот накај Рамстор… и тука почна пеколот… се пушта зелено господин втора трга и пак вози во втора ама менува ленти ко на нид фор спид… позади свират пиштат прелетуваат коли од страна ама царот вози во ВТОРА… сите предци сум си ги видел во еден ден.

А и заборавив да напоменам… Мора да се пофалат што факултет имаат завршено, да се пожалат дека ги заебала една утакмица на ливчето и да прокоментираат за времето.

Идеме на по комплексна тема ЈСП… човечееееееееееее ЕЕЕ еееее… Е, влагаш во автобус те обзема миризбата на ароматични зелечуци од типот на праз, лук, кромид и се тоа се меша со една фина линија на небањато и старечка пот… ама види вака како да те лажам ама топ ми е по автобусиве… просто ги обожавам, внатре ќе видиш се од расквакани бабишта до тепачи од fight club…

Си седиш во автобус во вторник и слушаш муабет…

-Леле Мароооо да видиш на фризерката ќерката се омажила.

-Леле мори Веро што збориш? Ами ја сакав за внукон мој да ја салдисам…

После ова добив нагон да си ја удрам глаата од прозорот… едноставно сакав да си ги уништам ушните тапанчиња и никад да не слушнам човечки збор во животов… Среќа ми се пушти песна у тој момент, господ знае што се зборело понатака (и после ме прашуваат зашто ми се толкави слушалки?)…

Неможам да го разберам менталитетот на Пензонерите ама се што им е дадено на гага мора да го исцедат до крај… Муабетот е следен (овој го слушнав пошто немав слушалки)… седат двајца постари господа карши-карши и си праат муабет:

-Каде одиш

-Еве до кај ќерка ми во железара… ама незнам дали е дома

-Е ако де и да не е, ќе се повозиш малце и така е без пари, јас идам до Центар после ќе идам до Карпош така да прошетам…

Добив од некаде нагон да станам да го грабнам за партали и на следната станица со клоца во задникот да го исфрлам од автобус… ама ај, не работи така општеството, па си преќутев.

Неможам да разберам што е тоа што ги тера да се покренат да одат и да се качуваат по автобуси, а не можат самите на нозе да стојат… кај не можат сами да се носат, па и се натовариле со кесишта со тони… и после бараат помош, не дека нема да им помогнам и дека нема да дигнам кесе некое со 5 ипол тони патлиџани или 6 ипол тони грав/ориз, ама стварно нема смисла знаат и самите дека не можат, а пак го праат истото…

Ама по автобуси се гледаат и поприлично убави гледки, на пример… најубавиот задник што го имам видено во животот беше во 22-ка и мислам дека никад нема да го забораам… најубавата глетка на кола… Ферари 458 Италија спајдер… од втор кат на двокатен автобус… перверзија, Скопје попладне од втори кат на милениумски…

Јавен превоз во Скопје, за некого неопходност, за некого одвратност… за мене лично инспирација за хумор…

Секоја година се молам 1мај да не се падне петок или вторник… пензонерине можда и скара ќе распалат у автобус…

 

Ел Риџо

 

 

Останатите колумни на следниот линк.

(Објавувањето колумни, мислења, ставови, писма и текстови од надворешни автори е одраз на намерата на „Хајд Парк“ да даде простор на секого кој сака да се искаже. Но, напоменуваме дека мислењата и ставовите изнесени тука, не се одраз на ставовите на „Хајд Парк“ и целосно се оградуваме)

Доколку сакате и вие да ни испратите мислење, став, писмо, текст или дело од било каков вид, тоа можете да го направите на следниот линк.