2-ри Август –крик за слободата и надежта

mitkoВо летото господово 1903 година на 2-ри Август на македонскиот национален празник Илија се крена востание кое предизвика потрес во тогашната Османслиска империја. Се создаде првата република на Балканот- Крушевската. Таа беше република на сите. Нациналноста, верската припадност и религијата не беа важни. Важно беше се она за што се залагаа оние кои го кренаа востанието. Идеалите беа заеднички. Слобода на Македонија и нејзино остамостојување. Или ќе се проба да се ослободи или ќе се умре додека се прави тоа. Македонската национална свест доживела колуминација. Се она за што се залагале Македонците конечно излегло на површина. Изливот на македонската свест бил преголем. Едноставно такво нешто не можело да тлее долго време. Многумина македонски дејци и патриоти кои безрезервно си ја сакале својата држава зеле учество во тој процес. Но секогаш постои и неуспех кој се должи на разединетоста на на македонските интелектуални сили,која негативно се одрази врз целокупното македонско национално движење. Илинденскиот пораз дојде како последица на разединетоста; иако сите имале еден непријател еднаква парола но со различни интереси.

Анализирајќи ја националната свест кај Македонците во 19 и 20 век, Џон Шеј( американски аналитичар), укажува дека националното самосознание е јасно и видливо и дека македонската национална свест се развива паралелно со грчката. Џон Шеј го цитира и Чуповски: активноста на Берлинскиот конгрес за враќањето на Македонија под турска контрола “предизвика експлозија на разочарување и незадоволство во Македонија . Сиот народ стана како еден човек и започна нерамноправна борба за ослободување од Турците. Ова востание траеше повеќе од една година и заврши секако со триумф на огорчените Турци, кои конечно ја опустошија несреќната земја. Многу села, па и градови беа уништени и запалени, многу луѓе беа искасапени, а некои од македонските интелектуалци беа убиени додека другите избегаа во слободни држави“. Големо влијание извршила во тоа време и македонската национална организација ВМРО на чело до Гоце Делчев и Даме Груев која уживала широка поддршка кај населнието. Но Џон Шеј не заборава да напомене дека таа не била одмаздничка организација и се борела против османискиот терор а не и против муслиманското население. Авторот се задржува и на Илинденското востание, како најголемо и најпрославувано востание на македонскиот народ, кое е и меѓународно признаено како значајна случка.”Востанието низ цела Македонија траело само два месеца пред неизбежната победа на Турците! Велика Британија, Србија и Грција не сакале да размислуваат за доделување на автномија на тој регион. Тие биле убедени дека таа само би претставувала преодна фаза пред неизбежното соединување со Бугарија. Дури и Русите – словенски народ, со иста вера, кој претходно ги застапувал интересите на Бугарија не им помогнале на Македонците, и револуцијата пропаднала. Одмаздата на Турците била сурова”.

Формирањето на тајната македонска револуцинерна организација е еден светол момент во македонската историја. Оваа организација во македонската историја ни остави блескави моменти како Илинден 1903, првата република на Балканот и Крушевскиот Манифест и личности како Гоце Делчев, Јане Сандански, Никола Карев и Питу Гули. Во организацијата се млади интелектуалци посветени на борбата за слобода и независност кои се собрани од сите страни на Македонија: Иван Хаџи Николов од Кукуш, Д-р Христо Татарчев од Ресен, Даме Груев од Смилево, Петар Поп Арсов од Богомила, Андон Димитров од Ајватово и Христо Батанџиев од Гуменџе. Малку подоцна, кон неа се приклучува и нејзиниот најславен апостол, Гоце Делчев. Со натчовечки напори, саможртви и дисциплина на нејзините дејци и следбеници, Организацијата успева воспостави таен, паралелен систем на власт низ земјата, своевидна „подземна Република“, со свои вооружени сили, судови, даночен систем и печат и воспитување на населението. Но сепак како една неуспешна приказна е илинденското востание, но сепак она што е најважно за нас е тоа што е основа за создавањето на денешна Македонија формирана на првото заседание на АСНОМ.

Илинденското востание не останало незабележано. Теророт што го направиле Турците бил огромен и со огромни последици по македонското население. Американската и европската јавност испратиле свои дописници да известуваат за Македонија. Џон Макдоналдс- Политички коресподент на лондонскиот весник”Дејли Њус во своите статии ќе напише: Турците направиле од Македонија “пекол на земјата. Дописникот на лондонскиот весник “Тајмс” Џемс Баучер, во своите извештаи за Македонија , напишал, дека “востаниците се борат против најлошата управа на земјата”. Со своите дописки од Македонија се истакнале и предизвикале интерес во Британија: воениот коресподент на агенцијата “Ројтер” А. Хамилтон; дописникот на “Дејли Мејл”Р. Вион; дописникот на “Манчестер Гардиан” Х. Н. Брејлсфорд. Исто така интерес во Италија предизвикале статиите на италијанскиот публицист Вико Мантегаца.Тој во 1902-1903 година доаѓа во Македонија ,со цел да го проучува македонско револуционерно движење . Испраќал статии на весниците : Ла Национале “, Ил кориере дела сере “и на други. Забележителни се статиите на Франц де Јесен, редактор на весникот “Национал Лиденде” од Копенхаген.Пред и во време на востанието обиколувал низ Западна Македонија ,откаде испраќалпотресни впечатоци. Во статијата “Сред ужасот” од 3 јули 1903 година, ја опишува неподносливата положба во Македонија и со топло чуство зборува за борците за слобода. Франц де Јесен пишувал:” Тие не се разбојници , нити дивјаци, но интелегентни, образовани луѓе,преставници на моралната сила на земјата; луѓе во се слични на нас  и луѓе што се пожтрвувале за една возвишена идеја. Ако тоа што го извршиле тоа прегрнувајќи ја смртта и паѓајќи сите до еден, без да помислат да се предадат ,не се нарекува хероизам, тогаш јас не ја разбирам смислата на тој збор.

Илиндеското востание е најважниот датум во македонската борба за слобода. Илиден ни покажа дека вековниот стремеж на македонскиот народ конечно е остварен. Сега живееме во наша земја и конечно можеме да бидеме свои на своето. Илинден ни покажа дека во Македонија има место за сите. Доказ за тоа е Крушевскиот Манифест во кој се наведува дека има место за сите оние кои сакаат да и се приклучат на македонската борба за слобода. Нема разлики и етнички поделби. Илинден ни докажа дека во борбата за слобода и самостојност нема ние и вие- не има нас, сите заедно под едно сонце. Џон Квинси Адамс шестиот претседател на САД во една прилика има изјавено дека нема ништо посилно од борбата за слобода. Народот ќе направи се само за да биде слободен. Ако треба и ќе оди и против сите шанси, ќе ги скине оковите и ќе се втурне во нешто што се вика слобода па макар таа да значела смрт.  Илинден мора да биде виден и доживеан не само како 68 години асномска државност, 109 години илинденска доблест, 1.000 средновековна македонска држава на цар Самоил, или пак 2.348 години од античката победа на Филип Втори Македонецот кај Херонеа. Илинден мора да биде виден и доживеан како вечен пат на македонската ослободена и разбудена свест до самиот извор на животот, преку светлината на сонцето, до коренот на потеклото (Нестор Огинар)

Затоа Македонци каде и сте што и да правите би сакал од се срце да ви го честитам празникот Илиден. Да е жива и вечна Македонија и македонскиот народ.

 

Митко Сланинковски

 

(Објавувањето колумни, мислења, ставови, писма и текстови од надворешни автори е одраз на намерата на „Хајд Парк“ да даде простор на секого кој сака да се искаже. Но, напоменуваме дека мислењата и ставовите изнесени тука, не се одраз на ставовите на „Хајд Парк“ и целосно се оградуваме)

Доколку сакате и вие да ни испратите мислење, став, писмо, текст или дело од било каков вид, тоа можете да го направите на следниот линк.