Човекови права

mitkoСекоја година американскиот Стејт департмент објавува листа на земји и индексот на почитувањето на човековите права. Во таа листа се наведени основните проблеми со кои се соочуваат земјите, владеењето на правото, почитувањето на човековите права, функционирањето на судството, слободата на медиумите, затворските услови, правата на малцинствата како и ред други работи. Се разбира, американскиот Стејт департмент е релевантна инситуција и нивните укажувања треба сериозно да се земат во предвид како и да се поправат сите работи кои се наведни во извештајот. Во оваа листа беше наброена и Македонија како земја во која се кршат основните човекови права. Бевме сведоци како некои медиуми, политички партии како и веб портали со експресна брзина побрзаа да објават дека ние сме диктаторска земја и како во Македонија човековите права се толку паднати што дури почнаа да се прават споредби со Орвеловата 1984 каде големиот брат се гледа и се слуша и како општеството е толку контролирано што нема слобода на било какво ниво. Почнаа да се прават анализи, дебати небаре извештајот е ултимативна вистина што треба безрезервно да се прифати. борбата борбата

Америкаската демократија како и човековите права и слободи во самата Америка во последниве години еволурираа. Она што ни претставуваше репер како треба да функционира една демократија оддамна се изгуби. Под превезот на борбата против тероризмот и заканата за безбедноста се донесоа огромен број на закони како што беше “Буш патриот акт”. Неодамна Барак Обама го продолжи и “Хоумленд Секјурити акт” во кој човековите права и речиси да не постојат. Е, сега – за да имате претстава за што ви зборувам сакам да ви објаснам во кратки црти што значат овие акти. Овие акти беа оспорувани од скоро сите организации за човекови права вклучувајки ја и Амнести интернационал. На безбедносните служби им се дава правото да можат да ве присклушуваат, да можат да ве држат колку сакаат без обвинение и без право на адвокат, да ви ја следат целата електронска пошта како и да елеминираат непријатели на државата без разлика каде се наоѓаат без право на судење. Најинтересно е што ова може да се прави без налог од судија и да се прави по потреба без никаква контрола што доведува до злоупотреба на положбата. Ова не само што удира во темелите на американскиот Устав туку и ги крши сите можни амандмани вклучувајки и амандманот за фер и правилно судење како и амадманот за приватност.

Американските затвори се приказна сама по себе. Во еден извештај од минатата година беше посочено дека САД имаат најмногу затвореници во светот. И да не се залажувате, во САД затворите се помеѓу најозогласените во светот. Ова го потврди и каналот Дискавери каде што имаше серија на документарни филмови и се прикажуваше животот во затворите. Верувајте, Идризово во споредба со нив личи на хотел. Кога се зборува за затвор не можам да а да не го спомнам Гванатамо. Тоа е најозогласениот во светот каде што човеково достоинство е урнато на секој можен начин. Тортурата е најразлична од симулирано давење до електрошокови како и останувањето буден со денови. Амнести интернационал како и Хуман Рајтс Воч го посочуваат како еден од најозогласените затвори во светот. Иако е тоа американска територија, сепак, американските закони таму не важат. Пред 2 години, четворица британски државјани беа киднапирани и однесени на Гванатамо каде што повеќе од 6 месеци беа измачувани на најразлични начини. За нивна среќа, Британската влада направи се што е во нејзина моќ за да се вратат дома. Се претпоставува дека во Гванатамно има 700 затвореници за кои не важат ниту едно човеково право поврзано со Женевската конвенција и со конвенциите на ОН.

По нападите на 11 септември, правата и толеранцијата на малцинствата во САД нагло се намалија. Забележано е дека после 11 септември нападите спрема муслиманската популација се зголемени за 3-4 пати. Речиси преку 500  напади имало врз муслимански жители. Имало случаеви каде муслиманите биле дополнително претресувани на влез во автобусите и авионите. Протестите заземаа нова димензија во западниот свет. Најсвежи ни се протестите под мотото “Окупирај го Вол Стрит”. Млади луѓе револтирани од односот на банките и финансиските институции излегоа на улиците да протестираат и да си го остварат нивното право на протест и слобода на говор овозможено со првиот амандман. Но сеуште ни се свежи сеќавањата како полицаец им прска во лицето со солзавец на млади студенти додека тие протестираат мирно седнати во Њујоршкиот централ парк. Исто можевме да забележиме како полицијата употребува прекумерна сила врз демонстрантите. Оваа слика ја гледаме речиси на секој самит и собир на земјите од Г-8 каде душманското тепање е постојан декор. Не знам дали се сеќавате ама во 1991 година светот го обиколи една слика каде полицаец апси млад црнец и притоа крвнички го мава од хауба на полициското возило. Овој настан се случуваше во Лос Анџелес. Веднаш по тој настан се случи еден од најголемите бунтови во поновата американска историја наречен бунтот на црнците каде што речиси пола град гореш,е а и беше предизвикана огромна материјална штета.

Медимумите се една од најзначајните алки во денешното општество и затоа се согласувам со фактот дека не треба да се злоупотребуваат во свои цели. Но, во последно време прашањето е колку медиумите се слободни. Во Македонија скоро секој ден се збори на таа тема, излагаат новирани, се дебатира, се прават анализи и така се е една приказна без крај. Америкасната CNN беше критикувана дека е алатка на Американската влада и дека нивната независност веќе оддамна е загубена. Забележан е случај каде весникот Гардијан сакајќи да извести дека на брегот на Африка се случува нафтено излевање и се случува еколошка катастрфа, ја има почуствувано долгата рака на Британската влада. Викиликс беше светлата точка во медиумскиот простор каде што почнаа да објавуваат работи за кои мислеа дека светот е должен да ги знае. Сепак овој сајт беше контиунирано напаѓан како и неговиот сопственик кој е вовлечен во монтиран процес. И сето ова се случува во високо развиените земји каде што демократијата и парламентарниот систем се далеку поразвиени од нашите.

Прашањето за малцинствата е многу зборувана тема. Според мое мислење малцинстава во Македонија ги уживаат најголемите права во Европа. Ниту една друга земја во Европа нема дадено толку права на своите малцинства како Македонија. Но сепак константно сме критикувани за тоа. Европа и Стејт Департменот постојано не опоменуваат за тоа. Минатата година германската канцеларка Меркел изјави дека мултикултурализмот е мртов, додека Франција спротивно на Европската конвенција за човекови права ги протеруваше сите Роми од својата територија. Против Грција и Бугарија Европскиот суд за човекови права има донесено голем број на резолуции за малцинствата и ниедна од нив не се почитува. Високиот претставник на ОН минатата година во нејзиниот извештај напиша дека во Северниот дел на Грција има луѓе кои се декларираат како не-Грци и нивниот јазик е различен од грчкиот. Но, сепак за жал ова немаше кој да го слушне.

Човековите права се алатка со која во денешно време лесно се манилулира. Големите земји диктираат, а малите слушаат. Но, сепак од овие примери гледаме дека ни во развиените западно-европски земји не е се така розево. Има огромно кршење на правата скоро во сите земји. Извештаите не треба да се земаат здраво за готово. Кинеската држава наместо да се спори со Американците за тоа кој е во право а кој не излегоа со нивен извештај за човековите права во самата Америка.Им посочија на Американците за нареден пат прво да си го средат сопствениот двор па потоа да погледаат во нивните. Лицемерно и иронично е да пишуваш и да даваш оцени за другите земји кога ти не си ги средил проблемите дома. Човековите права се и ке останат едни од најголемите предизвици за државите. Македонија е релативно млада земја. Имаме уште многу да учиме на оваа тема. Се разбира не може да биде добро се преку ноќ но барем треба да се обидеме да бидеме подобри. Да бидеме подобри од оние кои не критикуваат нас. Само на тој начин ќе дојдеме до нашата победа.

 

Митко Сланинкоски

 

(Објавувањето колумни, мислења, ставови, писма и текстови од надворешни автори е одраз на намерата на „Хајд Парк“ да даде простор на секого кој сака да се искаже. Но, напоменуваме дека мислењата и ставовите изнесени тука, не се одраз на ставовите на „Хајд Парк“ и целосно се оградуваме)

Доколку сакате и вие да ни испратите мислење, став, писмо, текст или дело од било каков вид, тоа можете да го направите на следниот линк.