Белата куќа вели дека Трамп се „дисквалификувал“ од претседателската трка

Белата куќа во вторникот оцени дека водечкиот во трката за номинација на Републиканската партија за кандидат на претседателските избори во 2016-а, милијардерот Доналд Трамп, самиот се дисквалификувал од трката, со предлогот да им се забрани влезот на муслиманите во САД.

Image

„Она што Доналд Трамп го кажа, го дисквалификува од трката за претседател“, изјави невообичаено остро, како што забележуваат американските медиуми, Џошуа Ернест, портпарол на Белата куќа. „Тоа е за морална осуда и има последици по нашата национална безбедност“, додаде.

„Вистинското прашање на Републиканската партија е дали Доналд Трамп ќе ги турне на сметиштето на историјата“, истакна Ернест. „Зборуваме за темелните вредности на оваа земја“, повтори портпаролот на американскиот претседател Барак Обама, остро осудувајќи ја „безобѕирноста“ на Трамп.

Трамп во вторникот повика на „целосна и комплетна забрана за влегување на муслиманите во САД, „сé додека американските функционери не сфатат што се случува. Притоа, укажа дека повеќе анкети покажуваат дека повеќето муслимани коишто живеат во САД ги мразат Американците, што може да претставува голема опасност за нацијата, како и дека тие не го споделуваат американскиот начин на живот и претпочитаат владеење на шеријатското право.

Изјавата на Доналд Трамп дојде во период на изразена исламофобија во САД, по неодамнешниот терористички напад во Сан Бернардино, која млада радикализирана брачна двојка на божикен прием уби 14 луѓе