Просечната нето-плата во ноември изнесувала нешто над 350 евра

Просечната месечна нето-плата во ноември лани изнесувала 22.380 денари, додека просечната бруто-плата била 32.877 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

pari11-860x680

Зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година за 1,8 отсто се должи, пред сè, на повисоката исплатена нето-плата по вработен во секторите рударство и вадење камен за 10,5 проценти, уметност, забава и рекреација за 8 проценти и градежништво за 7,3 проценти.

Во ноември 2016 година, 1,4 отсто од вработените не примиле плата.

Извор: Мета.мк