Бил Вајман објави дека боледува од рак

Поранешниот басист на легендарните The Rolling Stones, Бил Вајман, боледува од рак на простатата, објави неговиот портпарол.

Image

„Вајман го започна лекувањето и се очекува целосно заздравување, бидејќи дијагнозата е поставена рано“, се наведува во соопштението.

Роден 1936 година во Лондон, Вајман е еден основачите The Rolling Stones во 1962 година, а во бендот остана до 1993 година. Подоцна ја основаше групата Bill Wyman’s Rhythm Kings.

Освен со музика, Вајман до светските насловни страници стаса во 1989 година со венчавката со одвај полнолетната Менди Смит со којашто врската во тајност ја започнал кога таа имала само 14 години. Се разведоа две години подоцна.

Изминатиот викенд беше еден од гостите на венчавката на Руперт Мардок и Џери Хол, поранешната сопруга на Мик Џегер