Собранието се распушти, избори на 5 јуни

Собранието се распушти, во среда вечер, согласно одлуката што ја изгласаа пратениците на 23 февруари со цел одржување предвремени парламентарни избори на 5 јуни.

Image

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, по изјаснувањето на пратениците за точките од дневниот ред на 98. седница вечерва изјави дека со тоа завршува мандатот на актуелниот парламентарен состав.

Тој им се заблагодари на пратениците за нивната работа, и изрази очекување, во иднина сите без разлика на политичката припадност, да работат во интерес на државата.

Пратениците на СДСМ не присуствуваа на седницата. Тие побараада биде свикана итна седница на која би биле контатирани оставките на нивните министри и заменици минстри што претходно во текот на денот ги поднесоа до претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев.

Сепак, тоа не се случи и нинвите оставки не се констатирани.

Еден час подоцна, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција, објави дека нема да учествуваат на предвремените парламентарни избори.