НБА: Шоу на Кари и Томпсон во Мајами

Голден Стејт продолжија со брилијантните резултати, откако предводени од двоецот Кари-Томпсон, славеа во Мајами 118:112. Актуелните шампиони имаат скор од 51 победа и пет порази.

Image

Стеф Кари постигна 42 поени, на кои придодаде по седум скокови и асистенции, но имаше и седум загубени топки, додека Клеј Томпсон уфрли 33 поени во триумфот на Голден Стејт во Мајами. Бековите на шампионот имаа 50 отсто реализација на шутевите за три поени, Кари 6/12, Томпсон 4/8.

Мајми го предводеше Двејн Вејд со 32 поени, Хасан Вајтсајд оствари двоен ефект од 21 поен и 13 скокови, додека Луил Денг имаше учинок од 16 поени и 11 скокови.

Во ноќта помеѓу средата и четвртокот сигурни победи забележаа Оклахома, Кливленд, Торонто, Чикаго и Индијана.

Оклахома славеше над Далас (116:103). Шест играчи на Оклахома постигнаа двоцифрен број на поени, а најефикасни со по 24 кошеви беа Дурент и Вестбрук.

Кајри Ирвинг и Леброн Џејмс постигнаа по 23 победи во триумфот на Кливленд над Шарлот (114:103).

Индијана славеше над Њујорк (108:105), благодарение на Пол Џорџ кој 25 од своите 27 поени постигна во второто полувреме.

Торонто на крилјата на Демар Дерозан (31 поен) триумфираше над Минесота (114:105).

На другите натпревари: Детроит лесно се справи со Филаделфија (111:91), Мемфис во ЛА славеше над Лејкерси (128:119), Чикаго со тимска игра го порази Вашингтон (109:104), Сан Антонио го победи Сакраменто (108:92), а Денвер ги изненади Клиперси