МЗТ ограбен против Сутјеска

МЗТ загуби од Сутјеска со 71:75 (18:18, 13:13, 20:20, 20:24), во 19.коло, во регионалната АБА лига.

Image

МЗТ, првиот меч во 2016 година пред домашната публика, го одигра по своите квалитети, но и со таква игра се чини дека судиската тројка (Маричиќ, Нешковиќ, Јураш) му ја одзеде победата на македонскиот првак.

Последниот напад кој го изведе МЗТ, на десет секунди до крајот, преку Стојановски, заврши со поени, но судиите досудија чекори и победата ја однесе екипата од Никшиќ.

Во поразот на МЗТ блескаше Урош Луковиќ со 17 поени и 18 скокови, што му донесе индекс на успешност 36. Двоцифрени во домашниот тим  беа уште Протиќ, Стојановски и Марко Луковиќ (сите постигнаа по 13 поени), односно Дреновац кој уфрли 10 кошеви.

МЗТ по 19 одиграни натпревари се наоѓа во групата на пет екипи кои имаат по осум победи и 11 порази.

Во наредното коло ‘металците’ ќе гостуваат кај Цибона.