Шиков заработи скршеница, го чека подолга пауза

Македонскиот репрезентативец Ванче Шиков заработи скршеница на десната нога на синоќешниот натпревар против Шкендија во квалификациите за Лигата на Европа, поради што најверојатно го очекува пауза од два месеци во дресот на Нефчи и македонската репрезентација.

1-IMG_5317-615x400

Шиков при еден дуел со Баже Тодоровски незгодно се судри, при што се покажало дека има скршеница на десната нога. Притоа македонскиот дефанзивец, за тој дуел, заработи и втор жолт картон и исклучување на натпреварот.

Дефанзивецот сега најпрво ќе мора еден месец да носи гипс, а по дополнителните прегледи ќе биде познато дали ќе биде неопходна и хируршка интервенција. Се очекува на терените да може да се врати во септември, поради што неизвесен е неговиот настап во репрезентативниот дрес за стартот на квалификацискиот циклус за СП 2018.

превземено од ekipa.mk