Брусница – оаза на здравјето

Брусницата припаѓа во групата зрнесто овошје кое има бројни здравствени предности. Обилува со витамин Ц, како и минералите калциум, натриум, фосфор, бета-каротен и влакна. Сеедно дали ги конзумирате свежи или сушени – брусниците за вашиот организам се вистинска оаза на здравјето.

glass-of-cranberry-juice-near-bowl-of-and-spoon

10 здравствени предности на брусницата:

1. Брусниците се делотворни во спречувањето на ракот на дојка и дебелото црево.

2. Како и секое зрнесто овошје и брусниците имаат ниско ниво на холестерол и го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести. Ако редовно ги конзумирате, брусниците можат да го намалат високиот крвен притисок и да ги спречат болестите на срцето.

3. Една од здравствените предности на брусницата е и лечење на инфекции на системот за мокрење кај жените. Сокот од брусница ги инхибира бактериите од влегувањето во уринарниот тракт и ги елиминира.

4. Брусницата може да спречи чир на желудникот, бидејќи ја убива бактеријата H.pylori, која го предизвикува чирот.

5. Конзумирањето свежи брусници го елиминира непријатниот здив од устата.

6. Брусницата ги штити очите од болести и пореметувања како катаракта, дегенерација на рожницата и слично

7. Бруснивата ги согорува мастите, па на тој начин ќе ви помогне полесно да ги изгубите килограмите. Но, за слабеењето да биде делотворно, во сокот од брусница немојте да додавате шеќер.

8. Брусниците се познати и како природен третман против каменот во бубрег.

9. Сокот од брусница лечи од настинки и воспаленија во грлото. Но, сокот не смеете да го правите со ласна вода, ниту да додавате лед.

10. Калциумот кој се наоѓе во брусницата ги прави коските поздрави и посилни.