ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на состанокот во Виена

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на состанокот на лидерите на четирите најголеми партии од Македонија за излез од кризата, што е најавен за петок во Виена, потврдуваат од партијата.

Image
Поканата до лидерите на четирите партии ја упатија тројцата европратеници Иво Вајгл, Едуард Кукан и Ричард Ховит, вклучени во постигнувањето и спроведувањето на договорот од Пржино.

На средбата во Виена е предвидено да присуствуваат и комесарот на ЕУ за преговори за проширување Јоханес Хан и амбасадорите на ЕУ и на САД во Македонија, Аиво Орав и Џес Бејли.