Трамп: Бесот го донесе излегувањето на Британија од ЕУ, среќни сме

Кандидатот од редовите на Републиканската партија за претседателските избори во САД, Доналд Трамп изјавил дека тоа што Британците изгласале излегување од Европската унија (ЕУ) е „одлична и историска работа“, пренесуваат светските агенции.

Image (5)

„Мислам дека тоа што се случи е одлично. Многу сме среќни“, рекол Трамп, кој во петокот утрото по референдумот пристигна во контроверзно темпирана посета на Шкотска. Како основна причина за излегувањето од ЕУ, Трамп го навел „бесот на  луѓето“, додавајќи дека истото се случува во Америка.

„Луѓето се бесни. Бесни се ширум светот. На нас во САД ни оди добро, а се случува истото. Луѓето се бесни поради границите, бесни се поради луѓето кои навалуваат кон нашите земји“, рекол Трамп, додавајќи дека народот во Велика Британија со ваквата одлука „ја вратил својата земја“.