Во текот на третата недела од јануари, пријавени се 2.417 новозаболени лица од грип, што претставува намалување од 55,8 проценти во споредба со втората недела (од 9 до 15 јануари), кога беа пријавени 5.472 случаи, информира Институтот за јавно здравје за состојбата со грипот до 22 јануари.
Во истиот период, бројот на регистрирани случаи кај децата до 14 години е намален за три пати.
Најголем број заболени (71,8 проценти) се пријавени во најголемата возрасна група, од 15 до 64 години, а најмал број на заболени има кај децата до 4 години.
Во сезоната 2016/2017, вкупниот број на заболени од грип изнесува 31.732 лица, а има два смртни случаи поради грип.
Извор: Мета.мк