Туск во среда во Македонија, ќе се сретне со Иванов

 

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во среда ќе ја посети Македонија, како дел од агендата за изнаоѓање начин за менаџирање и решавање на бегалската криза, при што ќе оствари средба со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Image (6)

Покрај Скопје, во неколкудневната турнеја ќе ги посети и Виена, Љубљана, Загреб и Атина, а целта на оваа негова мини турнеја е „градење на европски консензус за справување со миграциската криза и подготовка на Самитот со Турција закажан за 7 март во Брисел и Самитот на Европскиот совет на 17­-18 март“. За време на турнејата Туск ќе оствари средби со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и со извршниот директор на Фронтекс, Фабрис Легери.

Посетата на Туск на регионот е во контекст на неодамнешната одлука на Самитот на Европскиот совет да се врати ситуацијата кога сите членки на Шенген зоната „целосно ќе го применуваат Шенгенскиот граничен кодекс и ќе одбијат влез на надворешните граници на државјани на трети земји што не ги исполнуваат условите за влез или кои не доставиле барање за азил и покрај тоа што имаа можност да го сторат тоа“. ­

„За реставрацијата на целосното функционирање на Шенген зоната ќе биде потребно време и тоа мора да биде придружено од мерки за решавање на хуманитарните последици за земјите­членки што се погодени, како со хуманитарна помош за сириските бегалци и за земјите од соседна Сирија“, велат од Европскиот совет.

макфакс