Форумот на слободоумни патриоти бара ВМРО-ДПМНЕ да се огради од преговорите на Ахмети за името

Форумот на слободоумни патриоти го повикува раководството на ВМРО – ДПМНЕ јавно да се дистанцира и да се огради од вчерашните активности во Атина на нивниот коалиционен партнер ДУИ.

Image

„Форумот на слободоумни патриоти смета дека раководството на ВМРО – ДПМНЕ треба да му укаже на својот коалиционен партнер дека нема мандат да преговара за името на нашата татковина, бидејќи истите тие во 2001 година со кукавички акции ги напаѓаа Македонските безбедносни сили и директно го рушеа Уставниот поредок на Република Македонија. Доколку раководството на ВМРО – ДПМНЕ јавно не се огради од нивниот коалиционен партнер, тогаш оваа нивна активност може да се сфати како уште една добро договорена и режирана акција помеѓу нив, а се со цел замајување на јавноста и оттргнување од актуелната политичка криза и вистинските проблеми со кои се соочуваат граѓаните“, се вели во соопштението на Форумот слободоумни патриоти.

Претседателот на Демократската унија за интеграции (ДУИ), Али Ахмети во петок во Атина оствари средба со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коцијас на којашто разговараа за проблемот меѓу двете земји за името.