Вонредна состојба на Флорида поради вирусот зика

Девет лица инфицирани со вирусот зика регистрирани се на Флорида поради што гувернерот Рик Скот прогласи вонредна состојба во четири окрузи на оваа американска сојузна држава.

Image

 

Здравствените власти се уверени дека сите заболени се инфицирале по нивниот престој во подрачјата каде што вирусот зика е присутен.

 

Скот наведе дека Флорида чини се да го спречи ширењето на вирусот, како и дека на државното одделение за земјоделие му е дозволено да користи во поголема мера спреј против комарци.

 

Станува збор за вирус кој го пренесуваат комарците и кој се шири брзо. Така во Бразил има 2.700 случаи на оштетување на мозокот кај новороденчињата, кои се припишуваат на вирусот зика.

 

За сега нема лек против овој вирус. Првите симптоми се треска, осип, чешање, болка и конјуктивитис.