Валс: Франција ќе се соочи со нови терористички напади

Премиерот на Франција, Мануел Валс изјави дека се можни нови терористички напади во земјата во наредниот период, пренесува ТАСС.

Image

„Очигледно е дека Франција и понатаму ќе се соочи со нови терористички напади, бидејќи сме принудени да и се спротивставиме на Исламска држава, која делува во Сирија и во Ирак и ќе ги пренесе своите активности во нашите земји”, изјави Валс.

Тој додаде дека во такви услови „треба да се продолжи да се дејствува и да се затегне обрачот околу терористите“. Изјавата на францускиот премиер доаѓа по убиството на еден француски полицаец и неговата девојка во градот Мазавил во југозападна Франција.

макфакс