Тридневен генерален штрајк во Грција

Грчките синдикати во петок ќе стапат во тридневен генерален штрајк, заради новите државни мерки за штедење.

Image (4)
Државните и општинските служби, како и многу приватни фирми, од носење на сметот до телевизиски вести, нема да функционираат или ќе работат со ограничен обем.

Траектите нема да пловат кон грчките острови четири дена, јавува АП.

Парламентот во недела вечер би требало да гласа за Нацрт законот во врска со реформите на пензискиот систем. Законот предвидува  поголеми издвојувања на вработените за пензиско осигурување.

Работниците во комуналните претпријатија во Атина во четврток ги блокираа камионите за однесување на сметот и ги запоседнаа канцелариите на градските власти.

макфакс