Париз: Русија ја поддржа Франција со воздушни удари во Рака

 

Русија во вторникот ја поддржа Франција со воздушни удари врз позициите на екстремната сунитска организација Исламска држава во Рака, изјави висок функционер на француската влада.

Image (8)

„Во овој момент е силно руско бомбардирање на Рака, што е доказ дека стануваат свесни за заканата која ја претставува Исламската држава“, изјавил за Reuters извор од француската влада кон не сакал да биде именуван.

Од своја страна францускиот весник Le Monde пишува дека се претпоставува и дека удари врз таканаречената престолнина на „Калифатот“ што го прогласи Исламската држава, биле изведени од руски бродови со наведувани крстосувачки ракети од акваториумот на Средоземното Море.

Засега руското министерство за одбрана не се огласи по овие пишувања на западните медиуми.

Нападите следуваат откако рускиот претседател Владимир Путин најави дека Русија ќе ги интензивира воздушните удари во Сирија откако нејзините безбедносни сили утврдиле дека патничкиот авион кој на 31-ви октомври се урна во Египет бил цел на терористички напад, за кој одговорноста претходно ја презема Исламската држава.

Француската воена авијација, исто така, ноќта кон понеделникот како одмазда за петочните терористички напади во престолнината Париз во кои беа убиени најмалку 132 лица и за кои одговорноста исто така ја презема Исламската држава, изведе масивни напади врз Рака.

Како што соопшти во француското министерство за одбрана, борбените авиони кусо време претходно во нападите лансирале 20 проектили и успеале да уништат команден пункт и камп за обука на терористите на Исламската држава во близина на Рака. Во нападот биле вклучени 10 млазни авиони и бил изведен истовремено од Обединетите Арапски емирати и Јордан.

макфакс