Шарените повторно ја испрскаа фасадата на Министерството за правда

Демонстрантите, кои се дел од Шарената револуција, во понеделник повторно ја испрскаа со боја фасадата на Министерството за правда во центарот на Скопје.

Image
Скандирајќи „Шутка не ти бега Никола“ и „Долу диктатурата“, тие со црево поврзано со компресор ја бојадисуваа фасадата на Министерството за правда.

Потоа тие се упатија кон Собранието на РМ, каде што обично го завршуваат протестот.