Судењето за „Поткуп“ се одложи, Заев службено отсутен

Судењето за случајот „Поткуп“ во кој е обвинет лидерот  на опозицијата Зоран Заев, се одложи бидејќи Заев бил на средба со кинескиот амбасадор.

 Image

Судијката го одложи судењето за 3 март поради тоа што Заев е службено отсутен.
Неговиот адвокат Ване Цветанов рече дека на судот му доставиле официјална белешка за отсуството на Заев.

Иако на едно од рочиштата за случајот „Пуч“, кој го презеде специјалната јавна обвинителка, Заев рече дека ќе бара и овој случај да го преземе таа, неговиот адвокат рече дека за тоа ќе треба да се праша Катица Јанева.

Заев се товари дека во 2013 година како градоначалник на Струмица на бизнисмен од овој град му побарал мито од 200 илјади евра за да се заврши легализација на земјиште.

Во овој случај немало примопредавање на пари и пријавувачот никогаш не му дал поткуп на Заев. Тој тврдеше дека цело време бил свесен дека лицето се обидува да го намести и поднесе кривична пријава против бизнисменот.