Еден осомничен за париските напади е „неутрализиран“ за време на полициската рација во Брисел, додека другите двајца сѐ уште се во бегство, објави белгиската државна телевизија RTB.

Во извештајот не се наведува дали неутрализираниот осомничен е убиен.
Четворица полицајци се повредени при претрес на една куќа, што го извеле белгиските и француските полицајци. Рацијата беше извршена во врска со нападите во Париз во ноември минатата година, кога беа убиени 130 луѓе.
Одговорноста за нападите ја презедоа милитантите од Исламска држава.
Неколку осомничени напаѓачи се поврзуваат со соседна Белгија. /крај/хн/ст