Скопјанец злоупотребувал податоци на девојки за порнографски веб

Триесет ипетгодишен скопјанец е пријавен поради бесправно дошол до лични податоци од две девојки на 18 и на 20 години од Фејсбук, и нивни фотографии од социјалните мрежи ги споделувал на интернет страница којашто споделува материјали со порнографска содржина.

Image

Пријавениот, индетификуван со иницијалите Ј.К. без согласност ги прибавил корисничките податоци од профилите на двете девојки на социјалната мрежа Facebook, коишто ги користел во повеќе наврати при што направил злоупотреба на нивните лични податоци на интернет.

Осомничениот пристапувал на профилите на девојките и без нивна согласносот прибавувал фотографии од нивните профили, и ги постирал на веб страницата со порнографска содржина, со што постојат основи на сомнение дека го сторител кривичното дело „злоупотреба на лични податоци“ по член 149 став 1 и 2 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Веднаш по доставувањето на пријавата од страна на оштетените лица до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика за злоупотреба на нивните лични податоци преземени се мерки и активности во однос на утврдување на корисникот на профилот на споменатиот порнографски ресурс од кој се поставени сликите и по прибавување на доказите и нивна анализа, тие наведуваат дека корисник е сега пријавениот Ј.К. кој постирал вкупно 68 фотографии, но кои не се со порнографска содржина, од од двете оштетени девојки.

макфакс