Папата Франциск: Не морате да верувате во Бог за да одите во рајот

Потврдувајќи ја својата репутација на „напреден папа“, папата Франциск во писмо упатено до основачот на дневниот весник од Рим, „Република“, Еуџениј Скалфариј пишува дека Бог ќе им прости на атеистите што верувааат ако ја следат својата совест.
Image

„Ме прашувате дали христијанскиот Бог им простува на оние кои не веруваат во Бог и кои не бараат вера. Ќе тргнам од тоа што е суштина, а тоа е дека Божјата милост нема граници доколку одите пред него со срце полно со искреност и покајание“, напишал папата во одговорот на низа прашања кои Скалфари ги објави во „Република“.

Според него, оние кои не веруваат во Бога треба да ја следат својата совест, а гревот дури и за оние кои веруваат постои доколку луѓето не ја следат својата совест, пренесува лондонскиот весник „Индепендент“.

Дописникот на католичкиот весник „Таблет“, Роберт Микенс оценува дека коментарот на папата уште еднаш покажува дека дека тој се обидува да го поправи старомодниот имиџ на католичката црква кој неговиот претходник, папата Бендикт XVI, дополнително го зацврсти.

„Папата Франциск е исто така конзервативен, но се обидува да има поразбирлив дијалог со светот“, оценува Микенс.

Поздравувајќи го писмото, Скалфари рекол дека коментарот на папата е уште еден доказ за неговата способност и желби да се надминат бариерите во дијалогот со сите.

Папата во јули сигнализираше и попрогресивен став по прашањето за сексуалноста прашувајќи „ако е некој геј и го бара Бог, кој сум јас да му судам?“, потсетува лондонскиот дневен весник.