Во самоубиствен напад во Пакистан најмалку 52 мртви, најверојатно христијани

Во самоубиствен бомбашки напади изведен во близина на градскиот парк во североисточниот пакистански град Лахоре, загинаа најмалку 52 лица, од кои најголем дел се деца и жени, а повредени се уште други 150, објави пакистанската полиција во неделата, а се смета дека цел биле припадници на малата христијанска заедница кои го празнуваат католички Велигден.

Image
Експлозијата одекнала во зоната за паркирање во близина на влезот на затворениот парк Ѓулшан ел-Икбал, во непосредна близина на детски лулашки.

Многу од повредените се во критична состојба, изјавил за AFP Салман Рафик, советник за здравство на покраинскиот премиер на Пенџаб.

Началникот на локалната полиција Хајдер Ашраф изјавил дека областа во којашто бил извршен нападот била преполна со христијани, кои го празнуваат католички Велигден, како и дека во времето на нападот многу семејства го напуштале паркот.

„Најмалку 52 луѓе се убиени, а повеќе од стотина се ранети. Повеќето убиени и ранети се жени и деца“, изјавил полицискиот началник Мустансар Фероз за Reuters.

Претставници на службите за спасување потврдиле дека во болничките мртовечници пренесле повеќе од 30 тела. Полицијата пак соопштила дека засега не може да потврди што ја предизвикало експлозијата, но дека според сите показатели станува збор за самоубиствен бомбашки напад.

Покраината Пенџаб, како и нејзиниот административен центар Лахоре, вообичаено се помалку се цел на терористички напади и насилства отколку остатокот од Пакистан, каде што се особено активни пакистанските талибани но и големи криминални групи.

Неодамна најмалку 17 лица ги загубија животите кога моќна бомба експлодираше во автобус кој превезуваше државни службеници во проблематичната покраина Кибер Панктунква во близина на границата со Авганистан.