ГДОМ со протести во Штип, Битола и Велес

Приврзаниците на Граѓанското движење за одбрана на Македонија(ГДОМ) во понеделник вечер ги започна протестите во Штип, Битола и Велес.

Image
Од ГДОМ порачуваат дека тие се против деструктивните сценарија што ги спроведува опозицијата.

Од ова движење додаваат дека протестите во Скопје завршиле, бидејќи нивната цел е постигната, со распишувањето на изборите на 5 јуни.