Гитаристот и пејачот на Лед цепелин се бранеа на суд за плагијат

Гитаристот и пејачот на легендарната рок група лед цепелин, во вторник се појавија пред судот во Лос Анџелес, за да се одбранат од обвинението за плагијат.

Image (1)

Лед цепелин е обвинет дека за својот класик „Stairway To Heaven” од 1971 година, почетните акорди ги украл од инструменталот „Taurus” на групата Spirit од 1967 година.

Американскиот судија Гери Клауснер во Лос Анџелес заклучи дека во април дека една од најпознатите песни во историјата на рок ен ролот и „Taurus” се доволно слични за поротата да одлучува дали Џими Пејџ и Роберт Плант ќе одговараат за повреда на авторски права.

Тужбата против Пејџ и Плант ја поднесе Мајкл Скидмор, застапник на покојниот автор на „Taurus” Ренди Волф.

Скидмор тврди дека Пејџ можеби бил инспириран за „Stairway“, откако ја слушнал „Taurus” додека двете групи биле на заедничка турнеја во 1968 и 1969 година.

макфакс