Евровизија го менува начинот на претставување на бодовите

Организаторите на Песна на Евровизија објавија во четврток промена на начинот на претставување на резултатите на телевизија, со што би требало да се зголеми неизвесноста во финалниот дел на емисијата.

Image
Промената претставена како „најголема од воведувањето на системот од 12 бодови пред повеќе од 40 година“, стапува на сила оваа година кога на 14 мај во Стокхолм ќе се одржи 61 издание на ова натпреварување, соопшти Европската радиодифузна унија.

Досега често заради системот на бодување победникот се знаел и пред да бидат собрани сите резултати.

Сега објавата на резултатите ќе биде поделена во три фази.

Прво телевизиите на 43 земји учеснички ќе ги објават бодовите од 1 до 10 на своите професионални жирија. Потоа во втората фаза жирито ќе и доделува 12 бодови на некоја земја. Во третата, последна фаза, Евросонг ќе ги придодаде бодовите која секоја земја ги собрала благодарејќи на телевоутингот.