Доделени 58-те Греми награди

Американскиот рапер Кендрик Ламар, поп ѕвездата Тејлор Свифт, братанскиот музичар Ед Ширан, американскиот рок бенд Алабама шејкс и планетарниот хит „Uptown Funk“ на Марк Росон и Бруно Марс победија на 58-та додела на музичките награди Греми.

Image

Домаќин на доделувањето на Греми наградите, кое се одржа во центарот Стејплс во Лос Анџелес, беше актерот и музичар ЛЛ Кул Џеј.

Раперот Кендрик Ламар бепе номиниран во 11 категории, а освои пет награди. Ламар, меѓудугото, ги освои наградите за најдобра рап песна и најдобар рап албун, но не успеа да победи во категоријата албум на годината, таа награда ја освои Тејлор Свифт за албумот „1989“. Поп иконата Тејлор Свифт ја доби наградата за најдобар вокален поп албум, а со Кендрик Ламар ја подели наградата за видео спот на годината.

Продуцентот Марк Росон и пејачот Бруно Марс, за планетарниот хит „Uptown Funk“ освоија награди за снимка на годината и за најдобра по интерпретација во дует или група.

Блуз-соул бендот Алабама шејкс освои три Греми награди: за најдобар рок изведувач, најдобра рок песна „Don`t Wanna Fight“ и за најдобар алтернативен рок албум „Soul & Color“.

Британскиот кантавтор, Ед Ширан, кој има исклучително успешна кариера, успеа да ја освои својата прва Греми награда. Тој победи во категоријата за најдобра соло изведба за песната „Thinking Out loud“, која потоа беше прогласена и за песна на гоодината.

Првата Греми награда во кариерата ја освои и Џастин Бибер и тоа за најдобра денс снимка заедно со Ди џеите Скрилекс и Дипл.

Наградата за најдобар нов изведувач и припадна на Меган Трејнор, чии деби албум „Title“, се искачи на првото место на листата најпродавани албуми, која ја прави Билборд.

Тричасовното шоу во центарот Стејплс, беше можност уште еднаш да му се искаже почит на Дејвид Боуви. Тоа го направи Лејди Гага која изведе компилација од десет негови хитови: Space Oddity, Changes, Ziggy Stradust, Suffragette City, Rebel Rebel, Fame, Under Pressure, Let`s и Dance Heroes.