Данскиот режисер Биле Аугуст најави снимање на филм за италијанскиот моден креатор Џани Версаче, во кој ќе глуми шпанскиот актер Антонио Бандерас.
Аугуст на филмскиот фестивал во Капри најави дека филмот за Версаче ќе почне да го снима на пролет.
„Во филмот ќе ја претставиме интимата на Версаче и ќе прикажеме некои негови помалку познати страни“, рече данскиот режисер.
Извор: Макфакс