Адел планира петгодишна пауза за да биде повеќе со синот

 И покрај тоа што светската турнеја ја започна во февруари и досега имаше низа настапи ширум Европа и Северна Америка, британската пејачка наводно планира да земе петгодишна пауза и привремено да се повлече од светот на музиката бидејќи сака целосно да му се посвети на својот тригодишен син Енџел, од врската со партнерот Сајмон Конецки.

Image

Извор близок на пејачката за таблоидот The Sun рекол дека „На своите најблиски пријатели им најави повлекување од сцената на пет години пред издавање на следниот албум. Сé уште е нова во улогата на мајка и не сака да пропушти ништо во растењето на Енџел Едноставно сака да се оттргне од сегашното внимание на медиумите. На обожавателите тоа тешко ќе им падне“.

Турнејата на Адел треба да заврши кон крајот на ноември годинава по 105-те предвидени концерти, а пота одлучила да се посвети исклучително на семејството, пишуваат во неделата и другите британски медиуми.

Пејачката исто го стори и пред издавањето на последниот албум со наслов „25“ кој се појави во 2015 година, откако таа три години паузираше.

Помалку на шега, но во медиумите се коментира дека, доколку овие нагаѓања се покажат точни, обожавателите на Адел наскоро би можеле да ѝ кажат „Goodbyе“ наместо „Hello“, како што гласи нејзиниот хит кој беше прогласен за најдобар сингл на доделувањето на признанијата Brit Awards кон крајот на февруари годинава.