Дилан, Стоунси и Маккартни може да настапат на ист фестивал

Организаторите на фестивалот Коачела, во Калифорнија, планираат оваа есен „мегафестивал“ на кој би настапиле шест музички легенди, пишува магазинот The Rolling Stone.

Image

Дневниот весник The Los Angeles Times прв дознава, а по него пишуваа и другите медиуми, дека музичките великани Боб Дилан, Пол Маккартни, Нил Јанг и Роџер Волтерс, како и легендарните бендови The Rolling Stones и The Whoби требало да настапат на фестивалот кој ќе се одржува од 7-ми до 9-ти октомври во градот во калифорниската пустина, на истата локација на која секоја пролет се одвива познатиот фестивал Коачела.

Веста засега не ја потврдија ниту промоторите на фестивалот, ниту самите изведувачи. Официјалната објава се очекува за неколку седмици, пишува The Rolling Stone.

Доколку оваа информација се покаже веродостојна, тоа би било првпат во историјата Дилан и Маккартни да настапуваат на иста локација, забележува Billboard.

Легендите би настапиле на само една сцена, секој со своја целовечерна концертна програма.

Според LA Times, Дилан и Стоунси би свиреле на 7-ми октомври, Јанг и Маккартни ден подоцна, а Тhe Who и Вотерс на 9-ти октомври