Фудбалер застрелал судија и ранил противнички играч на натпревар во аргентинскиот град Кородоба, пренесува mirror.co.uk.

Убиството се случило на натпревар од понизок ранг, а фудбалерот го застрелал 48-годишниот судија, Цезар Флоресоткако тој му покажал црвен картон. Убиецот покал и во противничкиот фудбалер Влатер Зарате, кој преживеал иако бил погоден во градите.
„Трагичниот настан се случи за време на натпреварот. Фудбалерот, кој доби црвен картон, отишол по пиштолот и го застрела судијата. Судијата е погоден во градите, вратот и главата“, стои во соопштението.
Фудбалерот кој го убил судијата се наоѓа во бегство, а полицијата трага по него.