Данска тврди дека Меркел ја потценила бегалската криза

Данскиот министер за надворешни работи Кристиан Јенсен, се пожали во средата дека германската канцеларка Ангела Меркел ја потценила бегалската криза и дека не проценила добро колку бегалци ќе пристигнат во нејзината земја поради претходната политика на отворени врати.

Image (9)

Данска и Шведска привремено ги затворија вратите, поточно воведоа гранични колтроли со цел да го контролираат приливот на бегалци, но Јенсен вели поголемиот дел од проблемот е кај нивниот јужен сосед поради слабата организација што ја прави.

„Мислам дека Меркел е изненадена од бројката бегалци што доаѓа во Германија. Таа мислеше дека кризата ќе исчезне туку-така“, вели Јенсен на дебата на тинк тенк за време на посетата во вашингтон.

„Нејзе ја обвинуваат дека испрати покана до сите бегалци во светот во која вели, Ве молам дојдете во Германија, вие сте добредојдени овде, за вас имаме куќа и работа и овде навистина е прекрасно да себиде“, додава Јенсен.

Меркел е под силен политички притисок дома да заврши со политиката на добредојде за бегалците откако само лани во германија пристигнаа милион бегалци, од Сирија и од Авганистан.

Сепак, таа е водечка во преговорите со Турција од која се бара да ги враќа бегалците кои пристуигнуваат на бреговите на Грција, а за возврат ЕУ да и помогне на Турција да се справи со 2,7 милиони бегалци на турска земја.

„Сега е премногу доцна, а таа има напрааевно многу малку, и мислам дека е многу добра во тоа“, се пожали Јенсен, затоа што смета дека останатите земји членки на ЕУ се држат неинформирани.

„Понекогаш таа треба да се сети дека треба да не информира и да не послуша без разлика на тоа колку е таа силна и колку е силна и голема Германија, сепак не може да одлучува за сите 27 земји“, вели Јенсен.

Тој се сретнал и до американскиот секретар Џон Кери, кој го уверил дека САД нема да ја остави Европа сама да се справува со бегалската криза.

макфакс