Дванаесет фамилии живееле во италијанска палата за пет евра месечно

Италијанскиот суд истражува како 12 фамилии живеат во Бурбонската палата во јужна Италија за смешна кирија.

Image

Од 1990 – тите, фамилиите ги изнајмуваат просториите на платата од локалните власти за кирија од 5 до 15 евра месечно.

Исто така, тие не плаќаат сметки за гас и за електрична енергија.

Имотот е сместен веднаш до Кралската ботаничка градина, на територија на платата Касерта, во близина на Неапол, што се смета за италијански Версај, бидејќи и е градена по терк на француската палата Версај.

Во изминатите две декади, семејствата за кои се верува дека се поранешни вработени во палатата и нивните наследници, го користеле земјиштето кое е под заштита на УНЕСКО како светско наследство и се протега на површина од 120 хектари.

Судот сега испитува како тие добиле така повластени закупнини и други услуги, по што планираат да отворат случај за злоупотреба на положбата јави Il Fatto Quotidiano.

На фамилиите им се доставени известувања дека треба да се иселат, а до сега само едно семејство го направило тоа, вели портпаролот на платата за весникот.

Случајот е откриен откако министерството за култура го вработи Томасо Феликори како директор на палатата лани, со цел да ги заживее богатствата на земјата.

Феликори, кој неодамна добил чудна жалба од синдикатите  дека работи премногу напорно, на Facebook напиша дека семејствата биле замолени да ја напуштат палатата од неговиот претходник, но дека не го послушале, а сега ќе мора да си заминат од имотот.

Ова е последен од низата слични случаи кои се открија откако е покрената истрага за бројни имоти во Рим, во сопственост на градот, кои биле изнајмувани за смешни цени, а на тој начин градот бил оштетен за најмалку 100 милиони евра.