„Активирај се!“ Натпревар за најдобра младинска иницијатива

Слушни успешни приказни на средношколци кои направија промена во твојата заедница!

cover_nastan

На 14.05.2016, во Кино Култура, осум тима на средношколци кои во рок 3 месеца реализираа граѓански иницијативи и поттикнаа позитивна промена во своите заедници ќе добијат можност да ги споделат своите успешни приказни со присутните во публиката и жири- комисијата и да ги убедат истите за успешноста и направената промена преку реализираната иницијатива.

Средношколците ќе ги раскажат своите приказни за граѓанските акции и ќе ги инспирираат другите млади дека иако патот до проманата не секогаш изгледа лесно и едноставно, со упорност, посветеност и јасна визија, активизмот секогаш придонесува кон општествени промени и подобрувања.

Настанот ќе се одржи на 14.05.2016 (сабота) со почеток од 12:00 часот во Кино Култура.

Сите присутни на настанот ќе имаат можност да гласаат за една од 8те граѓански акции и да се убедат дека секој може, умее и треба да биде дел од промената во нашата заедница.

„Млади информирани, млади активирани!“ е партнерски проект на Студентската организација ИЗЛЕЗ, ЗГ Младите Можат – Скопје, Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА и Центар за меѓукултурен дијалог – ЦИД. Проектот се спроведува во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го реализира Фондацијата Отворено Општество Македонија – ФООМ.