Двојно признание за Амадин Лејно

Амадин Лејно, беше „X факторот“, во триумфот на ЖРК Вардар над европскиот шампион Будуќност (26:24), во претпоследното коло, во фазата по групи во Лигата на шампионките. За своето издание на неделниот натпревар таа доби двојно признание од ЕХФ, таа е една од „Трите ѕвезди“ и ја има втората најдобра одбрана во третото коло.

Image

Француската репрезентативка белескаше против Будуќност, имаше 19 одбрани со кои му овозможи на својот тим да ја забележи првата победа над црногорскиот првак во соочувањата во Лигата на шампионките.

Покрај Лејно, според ЕХФ, во претпсоледното коло се истакнаа уште Тина Стинге која во победата на Ларвик над Ференцварош (37:31) постигна девет голови, а ист број на погодоци постигна и Алесандар До Насементо во триумфот на Баја Маре на Турингер (38:27).