Тотенхем му се доближи на Лестер

Фудбалерите на Тотенхем славеа во Стоук со 4:0, во последниот натпревар од 34.коло во Премиерлигата и ја намалија разликата во однос на лидерот Лестер на пет бодови.

Image

Тотенхем одигра на високо ниво на „Британија“ стадионот, од почетокот го контролираа ритамот, а дополнителна сигурност им донесе голот кој Хари Кејн го постигна во деветтата минута. Можноста да ја дуплира предноста на Спарси имаше Кристијан Ериксен но неговиот удар заврши во гредата.

Во второто полувреме Ериксен му асистираше на Дели Али кој во 67.минута погоди за 2:0. Само четири минути подцна Тотенхем постигна уште еден гол, стрелец беше Кејн, а точка на мечот во 82.минута стави Али.

До крајот на првенството Тотенхем ќе игра против ВБА, Челзи, Саутемптон и Њукасл, додека Лестер за противници ќе ги има Свонси, Манчестер Јунајтед, Евертон и Челзи