Шалке до крајот на сезоната без Емболо?!

Бундеслигашот Шалке се соочува со сериозни проблеми, поради повредата која ја заработи напаѓачот Брел Емболо на натпреварот со Аугсбург.

embolo-1-615x400

После извршените медицински прегледи, утврдено е дека Емболо има скршеница на скочниот зглоб и медиумите од Германија најавуваат дека следува пауза од четири до шест месеци, што значи сезоната е завршена за него.

Тој се приклучи на тимот од Гелзенкирхен ова лето од екипата на Базел за сума од 20 милиони евра и во досегашниот тек од германското првенство, одигра шест натпревари, постигнувајќи и два погодоци.

ekipa.mk