Девис куп репрезентацијата стартува на турнирот во Талин

Image (11)

Тениската репрезентација на Македонија во вторникот ги дозна имињата на противниците, против кои ќе се натпреварува во Третата Европска зона во Девис купот.

Домаќин на турнирот е Талин, Естонија, а Македонија во Б групата ќе игра против Ирска, Ерменија и Албанија. Преку овој турнир Македонија ќе се обиде да избори пласман во Втората Евро-африканска зона.

На турнирот во Талин учествуваат 15 репрезентации, Азербејџан се повлече непосредно пред жрепката, тие се поделени во четири групи, а пласман во полуфиналето ќе изборат победниците во правата фаза.

Македонската репрезентација во Талин е во состав: Дејан Маринковиќ (капитен), Димитар Грабул, Томислав Јотовски и Горазд Србљак.

макфакс